Денеска во Кавадарци започна Есенскиот панаѓур 2016 .До пред десетина години имаше и пролетен, но по реакција на кавадаречките приватни сопственици на дуќани истиот е укинат од Советот и Собранието на Општината, иако тогаш постоеше иницијатива да не постои ниту есенскиот.Но ете тој остана , и како традиција и како потреба за еден дел од населението кој за малку пари купува повеке производи.Главно се купува зимска облека, и ситни потребштини за домакминството, кој и не се така ефтинино како се мисли на прв поглед.Истите производи ги имате и во редовната трговска мрежа во градот.
Според последните податоци пред стартот на Панаѓурот во Кавадарци учествуваат околу 400 трговци кои продаваат различна стока: од ситни дребулии, пластика, играчкиу, до текстил, галантерија,зимска облека, теписи,шпоретри на дрва,казани за печење ракија, буриња за вино и друго.Составен дел на панаѓурот и ова есен се угостителите кои на лице место ви нудат јадење, главно скара.Годинава Панаѓурот се одржува една недела порано од вообичаеното време односно на 7, 8 и 9 октомври, петок, сабота и недела.
Организараторот предвиде се што е потребно за вакви манифестации: поставување на санитарен јазол , струја и вода за корисниците, со цел да бидат поштедени околните подруми на зградите и другите објекти од „ големата елементарна некултура„ на панаѓурците. Желбата на организаторот е едно а стварноста друго-секоја година за ваква пригода страдаат околните згради.
Инаку традицијата на одржување на Панаѓур во овој град трае од одамна,стара е повеке од 100-тина години.Во минатото се одржувал на рамнината на левата страна на реката Луда Мара, под Средното маало додека живата стока се продавала по долината на реката до селото Ваташа. Атракција на панаѓурите во 20-сетите години на 20 век биле и пеливанските борби.
Сегашната форма на панаѓурот се менувала од ослободувањето до денес.Тоа низ годините главно се огледа низ производите кои се нудат и продаваат, додека содржината и форматот останува речиси непроменет.