Денеска во Кавадарци се одржа состанок, средба во вид на дискусија , за Нацрт верзијата на „Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализмот„ ,денеска беше претставена пред граѓанскиот сектор во Кавадарци.
-Владата донесе стратегија за национален пристап на поделеноста на Општеството во Македонија.Сега се во тек на серија на средби во градовите со цел текстот на националната стратегија биде подобрен.Се работи за ургентво важен аспект на ова програма, и потребата од донесување на истата е ургентен, вели Роберт Алаѓозовски-претседател на Координативното тело кое ги организира средбите .Инаку стратегијата е сеопфатна, од невладиниот сектор, до образованието,и сите останати чинители до младите, спортот и културата.
На ова тема денеска говореа државниот секретар во МТСП, Јована Тренчевска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски, Александар Кржаловски од МЦМС и Љупчо Бубо Каров – медиумски работник.
Изјава на Роберт Алаѓозовски- претседател на Координативното тело.