Oва е чаршијата на Кавадарци во 1949 година и од овие објекти денес не постои ниту еден. Од десната страна се дуќаните на Дончо Шкартов, потоа на Анчо Фалков, па хотелот на Петре Американецот, а од левата дуќаните на Маневци. Од левата страна има едно дрво, кралче на кое имало ѕвонец со чие ѕвонење наутро се отворале дуќаните а попладне со заоѓање на сонцето пак се затворале. Последниот ѕвончар во чаршијата бил Александар Цандо Боцев.
П.Камчевски