Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=4475
    [QUERY_STRING] => id=4475
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 45633
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.23.92.64
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732487310.0241
    [REQUEST_TIME] => 1732487310
)
Кавадарци и Тиквешијата низ вековите


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На изложбата “Значајни археолошки локалитети во кавадаречко“ koја ке биде отворена на 26 јуни во 13.00 часот во МУзеј галеријата Кавадраци,на 41 пано се презентирани 190 фотографии и плакати од научно – истражувачките проекти.

Тиквешката т. е. кавадаречката област во рамките на нашата држава, спаѓа во редот на региони со голем број археолошки локалитети со богати материјални остатоци кои се свидетели на човековите активности од најраните епохи на цивилизацијата па се до денес. Поволните геоморфолошки и хидролошки потенцијали и патни артерии на Тиквешката Котлина придонеле за постоењето на богатата и разновидна археолошка содржина во континуитет во сите изминати периоди. Ова придонело во текот на 19 век во тиквешката и кавадаречката област зголемена посета на голем број транзитни патници од европската и светската јавност. Константен е интересот за проучување на материјалните остатоци и археолошки локалитети во кавадаречко кои ги дознаваме од литературата на голем број еминентни археолози, нумизматичари, епиграфичари, истражувачи на историјата и историчари на уметност, антропологијата, патеписци и др. учени. Научната јавност низ целиот 20 век се интересира и ги студира старините околу кавадаречко. На почетокот скромно со посетите на значајните претежно странски патеписци и истражувачи: В. Радовановиќ, Еромонахот Јосиф, Хојзи, Р. Егер, Б. Филов, Н. Вулиќ и други учени за да подоцна во втората половина на 20 и почетокот на 21 век да се појават постудиозни истражувања статии и студии, од страна на афирмирани доктори и универзитетски професори како: И. Микулчиќ, А. Ќерамитчиев, К. Петров, Д. Коцо, Ф. Папазоглу, В. Б. Грозданова, Б. Алексова, Е. Петрова, Ж. Винчиќ, В. Лилчиќ, Е. Димитрова, С. Филипова и многу други авторитети од нашата држава и надвор од неа.

Првичните интервенции за археолошките локалитети во кавадаречко се површинските истражувања, рекогносцирања на терените, делумни сондирања во скромен обем како Проекти на Филозофски факултет и Институтот за историја на уметност и археологија - Скопје, некогашниот Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата – Скопје – денешен НКЦ (Национален конзерваторски центар) и др.

Со формирање на М-Г во Кавадарци 1976 додина долг период беше сведено на фаза на рекогносцирање на археолошките локалитети и откривање на нови со што археолошката карта на Кавадарци се збогати со над 200 археолошки локалитети од различен временски период од кои најзначајни се: неолитската населба на лок. Чаковец – с. Ресава; Тиквеш – Градот, с. Ресава и Еударист, с. Дреново (антички и средновековени градови); лок. Градиште, н. Глишиќ (антички град); Белград, Кавадарци (антички град со некропола); локалитет Викало с. Молклиште (античко и средновековно градче); црква Св. Богородица, с. Дреново, (ранохристијанска и средновековна црква); Вршник, с. Манастирец, селата Крњево и Г. Бошава (ранохристијански базилики) и др.

Во соработка на РЗЗСК, (НКЦ)-Скопје, Филозовски Факултет – Скопје – катедра за археологија, изведени се и првите археолошки сондажни и заштитни ископувања1981 год. на Полошкиот Манастир, раководител Ж. Винчиќ; 1986 год. на лок. Чаковец с. Ресава под раководство на В. Санев; 2003 - 2005 год. на лок. Градиште с. Дреново и др. Раководители В. Б. Грозданова и В. Лилчиќ. Од 1999 год Музеј галерија од Кавадарци врз основа на Проекти финансирани од страна на Министерство за култура – Скопје и Локална самоуправа – Кавадарци започна со вршење на археолошки сондажни, заштитни, а од 2006 год и систематски археолошки ископувања на значајни археолошки локалитети во општината и тоа: “Танко Патче“ – Кавадарци 1999 год.; “Белград“ – Кавадарци 2000 и 2001 год.; “Пешково Ридче“, с. Ресава 2000 - 2002 и 2006 год.; “Моклишко Кале“ – Моклиште, 2008 год.; “Градиште“ с. Дреново 2007 – 2009 год. во соработка на д-р проф. В. Лилчиќ како консултант на истите и “Кртозов рид“ с. Дреново од 2009 – 2016 со исклучок на 2015 год.

Раководител на ископувањата т. е. на научно – истражувачките проекти е виш кустос, археолог Весна Ѓорѓиева од Музеј галерија Кавадарци со стручен тим - археолози и историчари од истата институција: Петре Камчевски, Трајче Јанев, Васил Кимов, Илија Падиков, Трајче Цветков и Раде Атанасов; од Музеј на град Неготино: Костадинка Филипова и Петар Ризов; геометри и геодети од Кавадарци: Марјан Делов, Донка Гурева, Стефанија Петреска и Стојан Орешков; студенти при катедрата за археологија на Филозофскиот Факултет, “Кирил и Методи“ – Скопје; ученици од гимназијата Добри Даскалов од нашиот град и др.

На изложбата “Значајни археолошки локалитети во кавадаречко“ на 41 пано се презентирани 190 фотографии и плакати од научно – истражувачките проекти.

Весна Ѓорѓиева