„Почитувани,
СДСМ и Зоран Заев предизвикаа вистинска катастрофа во македонското земјоделие.
Две години без грам срам ги лажат земјоделците,а на сметка на тоа работат единствено на лично богатење и луксузирање.
Пред само две недели претставници на министерството дојдоа во Тиквешијата и ветија дека сите праски ќе се откупат. За понижувањето да биде поголемо донесоа и купец кој за само два дена исчезна.
Ова не само што е лажење, ова е директно понижување на трудот и мака на земјоделците од Тиквешијата.
„Почитувани,
Пред само три години за време на изборите ветуваа дека веднаш ќе ја донесат зелената нафта за земјоделците, ветуваа сигурен откуп и сигурни цени за земјоделските произведуваа, ветуваа дека откупувачите ќе се тепаат кој да плати повеќе, а сега после три години сме сведоци на егзодус во македонското земјоделие.
Не само што нема сигурен откуп, сигурни цени, зелена нафта, туку производителите на праска се принудени да ги фрлаат праските по депониите, а некои и воопшто да не ги ни берат.
Оваа што во моментов се случува со овоштарството е само почеток за она што за два месеци ќе се случува со лозарството.
Оваа влада нема никаква стратегија и план за да ги реши проблемите на земјоделците.Имаме сериозни сознанија дека винариите уште сега ги намалуваат откупните квоти за грозје за да пред самата берба ги стават лозарите пред свршен чин за да немаат шанса да побараат покачување на цената на грозјето.
Очекуваме и предупредуваме дека најверојатно ќе се изврши покачување на прагот на минималните шеќерни единици на грозје од сортите смедеревка и вранец и со самото тоа лозарите ќе бидат приморани да го дадат грозјето по пониски цени се со цел да не им остане на нивите како што сега остануваат праските, кајсиите, јаболката во Ресен и многу други земјоделски култури.
Почитувани граѓани!
ВМРО ДПМНЕ Кавадарци апелира до владата на Заев да престанат со понижување и омаловажување на земјоделците.
Две години земјоделието само тоне, а земјоделците не можат да ги покријат ни производствените трошоци. На Македонија потребни и се промени, а промените ќе се случат кога оваа неспособна и неодговорна влада на Заев и СДСМ ќе си замине.“
-се наведува во соопштението од денешената прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ- Кавадарци