Јавното претпријатие за државни патишта како носител на проектот заедно со Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица непречено го реализира комуналниот проект за изградба на нов мост на реката „Луда Мара“ на јужниот влез во селото Ваташа.
Во оваа фаза од изградбата се поставува железната арматура на последниот сегмент од мостот кој треба да се приклучи со коловозната лента на регионалниот пат Кавадарци-„Мушов гроб“. Досега позначајниот дел од градежните работи на овој проект се завршени. Формирана е контурата на мостот, поставен е тампон, како и рабници на новата траса со која мостот се приклучува кон регионалниот пат.Со реализацијата на овој проект Општината ќе ја отстрани нај опасната „црна точка“ на овој пат, каде досега се имаат случено голем број на сообраќајни несреќи.