На 07.08.2019 година во 19,00 часот во просториите на општина Демир Капија се одржа конститутивна седница на Локалниот Совет за превенција за територијата на општина Демир Капија.
На седницата присуствуваа 15 членови меѓу кои Градоначалникот на Општина Демир Капија- Лазар Петров во својство на Претседавач на ЛСП,Ивана Лазова-Претседател на Советот на општина Демир Капија, Трајче Цветков-Командир на Полициска Станица Неготино, директорите на јавни институции во рамки на општина Демир Капија, претставник од невладина организација и останати членови на ЛСП. На првата конститутивна седница се разговараше за проблеми со кои што се соочуваат граѓаните на општината кои се предмет на интерес на Локалниот Совет за превенција. Меѓу проблемите кои што беа презентирани од страна на членовите ЛСП во тековниот период се проблеми со пожари ,проблеми со кучиња скитници, со кражби на ниво на општината, проблем со фрлањето на отпад во центалното градско подрачје, движењето на тешките товарни возила и останати проблеми. Од страна на членовите на ЛСП беше предложено да проблемите на ниво на општината се решаваат тековно во зависност од нивната итност. Од страна на Градоначалникот беа истакнати 2 проблеми на кои треба да се обрне посебно внимание во тековниот период, а тоа е проблемот со пожарите кои настануваат како резултат на високите температури и проблемот со зголемена раздвиженост на возила на плоштадот за што е потребно да се превземат превентивни и репресивни мерки за несовесните граѓани кои со моторни возила се движат по плоштадот. Беше договорено Локаниот Совет за превенција да се состанува на секои 2(два) месеци со тоа што на наредниот Совет ќе биде одлучено кои проблеми имаат приоритет при решавањето и мерките кои ќе се превземат за нивно надминување.