СООПШТЕНИЕ
Почитувани земјоделци, ве информираме дека од 26 август 2019 година во Подрачните канцеларии на МЗШВ е започнато доделување на персоналните картички за зелена нафта.
Право на картичка за зелена нафта има секој земјоделец кој обработува земјоделско земјиште и има поднесено единствено барање за оддржавање за 2018 година.
Мерката се однесува за сите земјоделци кои обработуваат лозови, овошни, поледелски и градинарски насади. Во општина Кавадарци и општина Росоман вкупно ова мерка ќе ја искористат 5974 земјоделци.
До овој момент од подрачната единица на МЗШВ издадени се 3600 картички. Подигањето на персоналните картички за зелена нафта е лично со валидна лична карта или пасош. Ве потсетуваме дека крајниот рок за подигање на картичките за зелена нафта е 25 октомври.
Ве известуваме до предвидениот рок да ги подигнете своите картички, бидејќи истите веќе ќе бидат повлечени од страна на платежната агенција.
Раководител на ПЕ Кавадарци
Митко Керов