Ке стане ли Општина Кавадарци пример за функционирање нa регионален центар за управување со отпад по теркот на Словенија и Швајцарија ?!
Тоа и може да се оствари затоа што Општина Кавадарци ја има потребната фабрика за третирање на комунален отпад, изградена по сите европски стандарди. Оваа фабрика може да го обработува отпадот од околу 18 општини во Македонија.
Кои се придобивките од истата:
– Нема да имаме диви депонии
– Нема да имаме загадување и палење на отпадот
– Нема да имаме негативно влијание по биодиверзитетот
– Нема да имаме палење на Мелци!
– Ќе има одлична соработка со комуналните претпријатија
– Ќе имаме бесплатно еколошко греење на јавните институции во Кавадарци, и ќе има нови вработувања.