Во Кавадарци денеска престојуваше Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули .Тој најпрвин се сретна со градоначалникот на Општина Кавадраци Митко Јанчев, со кого разговараше за проектите во кој финасира Централната власт и Општина Кавадарци.Потоа Макрадули со Јанчев посетија неколку објекти каде конкретно се имплементираат средствата со кој се подобрува енергетската ефинасност и се штедат пари.
Во Кавадарци инаку во присуство на заменик министерот се одржа расправа со дообјаснување околу начиниот на изградбата и евентуалното загадување или не, на регионалната депонија во Неготино.