Денеска во свечена атмосфера беа доделени 10 стипендии на талентирани студенти. На јавниот повик имаше 45 апликанти со одлични постигнати резултати во своето образование. Предност имаа студенти кои потекнуваат од семејства со ниски примања, студенти без родители и студенти од социјално ранливи семејства. Висината на поединечната месечена стипендија изнесува 8.000,00 денари бруто по стипендист.Вкупниот фонд кој ќе се додели по овој повик изнесува од 720.000 денари бруто износ. Стипендиите ги доделија основачот на фондацијата , актуелниот градоначалник г-дин Митко Јанчев, генералниот менаџер на ДОО Кожувчанка г-ѓа Јанинка Чупаркоска, претседателот на комисијата г-дин Никола Тодоров и директорот на Агенција за млади и спорт г-дин Дарко Каески.