Интегрален текст
„Почитувани!!!!
Општинската организација на СДСМ Кавадарци ги манипулира граѓаните држејќи прес конференции и фалејќи се со проекти од предизборната програма на ВМРО ДПМНЕ од 2017 година за локалните избори во делот на детска заштита , детски градинки. Програма ветена и остварена за најкус можен рок. Само за двеипол години се реши горкиот проблем со листата за чекање за прием на деца со отварање на три објекти и две доградби .Општината и градоначалникот Митко Јанчев од ВМРО ДПМНЕ се клучни во решение на проблемот со децата од листата за чекање преку инвестиција од повеќе од 15.000.000 денари во овие двеипол години.Дека владата на СДСМ се грижи за вработените во градинките , не е ништо друго освен гол популизам од страна на ОО СДСМ. Вработените во градинките станаа жртви на лагите на СДСМ и Зоран Заев. Затоа ВМРО ДПМНЕ укажува на недоследностите и корумпираноста во владата и институциите дека со ,,ОБНОВА ЗА МАКЕДОНИЈА ,, следува вистинска ПРЕРОДБА во социјалната заштита, грижа за сите граѓани и сепфатност од материјални права и социјални услуги. Ветува дека комплетно ќе се преиспитуваат предметите по жалби по било кој основ од социјален ризик и ќе се постапува по нив согласно законот, во најбрз можен рок се во интерес на граѓаните.Затоа граѓаните на Кавадарци се мудри и знаат дека ова е само уште една лага од многуте лаги на СДСМ. Поради ваквите лаги и општ популизам СДСМ и Зоран Заев не заслужуваат да останат на власт. Кавадарчани ги препознаа деструктивните и расипнички политики на СДСМ и затоа на 12 април ќе го поразат Заев и ќе го испратат на темната страна на историјата. На 12 април следува Обнова на Македонија.„