Денеска започнаа градежните работи за обнова на фасадите на две згради во центарот на Кавадарци.
Согласно проектот се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите на зградата на „Тиквешко поле“ и на зградата позната како „полициска“ и ``ХЕЦ“, која е во продолжение на зградата на „ЗОИЛ“. И двете згради се наоѓаат на ул. „Илинденска“ во трговско пешачката зона.Општината овој проект започна да го реализира минатото лето со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Досега целосно се обновени 10 фасади, а во моментот се работи на единаесеттата и дванаесеттата фасада. До крајот на проектот ќе остане да се обнови задната-јужна фасада на зградата на Општина Кавадарци.За оваа намена општината инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетот. Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.При извршувањето на активностите, се спроведени неопходните мерки на претпазливост за заштита, а општината апелира до граѓаните за врема на изведувањето на градежните работи да бидат внимателни.