ОТВОРЕН ПРВИОТ ИНФО - ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА НА ДЕЦА ЖРТВИ НА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО (БУЛИНГ)
Во саботата на 22.02.2020 во рамките на проектот „Пријателство пред насилство“ беше отворен првиот Инфо-Центар во Кавадарци со име „Пријателство пред насилство“. Во согласност со целите на проектот, Инфо центарот ќе се бори проти врсничкото насилство (булинг) кај децата.
Основни програми кои се спроведуваат во Центарот се:
Стручна поддршка на деца жртви на врсничко насилство страни (директна и анонимна). Информирање за тоа што претставува врсничко насилство, како да се препознае, кои се последиците од него и начини за спречување. Соработка со училишта, наставници, стручни служби и други институции при постапки за решавање на врсничко насилство. Стручна поддршка на деца сведоци на врсничко насилство, родители и останати страни засегнати со случај на врсничко насилство. Соработка со институции и организации кои работат на оваа тема.
Инфо-Центарот се наоѓа на ул.Ресавска бр.22 во Кавадарци, а на веб страницата http://www.prijatelstvoprednasilstvo.mk/ децата жртви на врсничко насилство но и останатите засегнати страни од оваа појава, можат да побараат анонимна стручна помош на бесплатната чет линија. За оваа цел е ангажиран обучен тим од стручни соработници (Психолог, социјален работник и педагог) кои ќе можат да разговараат со секој на кој му е потребна поддршка во секое време.
Проектот „Пријателство пред насилство“ го спроведува Здружението за едукација, тренинг и развој Прогресс Плус Кавадарци, во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
За повеќе информации за настанот или проектот: Петар Гурев 078/ 357- 010 или на petar.gurev@gmail.com