„ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
ЈП Комуналец - Кавадарци ги известува жителите на Општина Кавадарци дека од петок 13.03.2020 година се преземени мерки за заштита на населението од вирусот корона по препорака од Владата и од Светската Здравствена Организација.
- Дадена е наредба да се врши дезинфекција на вработените и задолжително носење на ракавици и заштитни маски во сите одделенија и сектори во ЈП Комуналец.
- Посебно е најстрого во исклучително важните објекти во делот на водоснабдувањето, изворите Лукар како и хлорната станица и филтрите.
- Зголемен е обемот на перење на градскиот пазар 2-3 пати неделно, како и воведување на дезинфекција на сите тезги после секој пазарен ден.
- Од страна на раководните лица на Градската капела известени се двата градски оператори да при секој погреб има заштитни средства за дезинфекција и по можност на корисниците на услуги на капелата да им се поделат заштитни маски и ракавици. Исто така што се однесува до ЈП Комуналец, после секој погреб задолжително се врши дезинфекција на просториите. Операторите во соработка со вработени во ЈП Комуналец задолжително да вршат редуцирање и да воспоставуваат ред при влегувањето за изразување на сочуство, т.е да се влегува во помали групи.
- На возилата кои што се во функција на ЈП Комуналец исто така се врши дезинфекција. Сите возачи се задолжени секојдневно да вршат дезинфекција на возилата пред и по завршувањето на смената, додека на контејнерите и надградбата на возилата за смет дезинфекција ќе се врши 2-3 пати во неделата.
- Наплатниот центар кој се наоѓа на градскиот пазар исто така има преземено мерки за заштита. Се молат граѓаните да го почитуваат редот при наплата , да не влегуваат групно за да платат сметки и доколку забележат дека внатре има повеќе од еден или двајца луѓе да почекаат надвор во редот се додека не се ослободи шалтер за наплата.
Правилата за однесување при наплата се исто така истакнати на самиот влез на наплатната служба.„- се вели во известувањето од ЈП Комуналец до граѓаните.