„Основниот суд Кавадарци, во насока на доследно применување на пропишаните мерки за превенција од COVID-19, поради постоење услови од зголемена опасност од ширење на заразата, денес за прв пат го одржа колегиумот на судии со користење на видео електронска платформа за комуникација Microsoft teams.
Овој суд има можност и капацитети и понатаму да продолжи да користи ваков систем со двонасочна комуникација при преземање дејствија, без физичко присуство на учесници во итните постапки, поради што ги охрабруваме сите активни чинители на правниот систем кои на било каков начин учествуваат во овие судски предмети, да поднесуваат предлози за користење на видео-електронска платформа за комуникација Microsoft teams секогаш кога за тоа имаат можност.„ се наведува во известувањето од Судот во Кавадарци.