Осум вработени во Основното јавно обвинителство Кавадарци, петмина од полициската станица и еден доктор се наоѓаат во самоизолација. Неофицијално дознаваме на сите им се земени брисеви за анализа за утврдување на нивниот статус на заразата од вирусот. Инаку дел од бработените биле на увид во станот во кој почина албанскиот државјанин во Кавадарци, кој работеше како градежен работник во градежна фирма која изведува работи на патот Градско -Прилеп.
Засега ниеден од овие службени лица нема симптоми новиот вирус, но поради безбедност се прават овие испитувањата на брисеви од нив .
Инаку албанскиот државјанин,кој беше пронајден мртов во Кавадарци во изнајмен стан, има 44 години и бил градежен работник ангажиран во Штип и Кавадарци . Извршена е дезинфекција во објектот каде е пронајдено починатото лице, како и во просториите на ОЈО Кавадарци и ОВР Кавадарци.
Инаку ОЈО Кавадрци наредните два дена, не информираат од Основниот суд Кавадарци, нема да работи со странки.