Интегрален текст од соопштението:
„Соопштение за јавноста :
Ве известувам дека во текот на вчерашниот ден ( во вечерните часови) е регистриран уште еден позитивен случај од Корона вирус ( CoVid - 19) во нашиот град.Во конкретниот случај се работи за медицинско лице - доктор, кој е вработен во ЦЈЗ Велес - Подрачна единица Кавадарци.Веднаш по добиениот резултат, контактиран е нашиот инфектолог. Утврдено е дека пациентот во овој момент нема никакви симптоми на болеста и се чувствува добро. Поради тоа, кај истиот е даден совет за домашно лекување во траење од 14 дена , со назнака да биде во секојдневен контакт со матичниот лекар и за било каква промена да се консултира инфектолог.Во ЦЈЗ Кавадарци извршена е епидемиолошка анкета за лицето, контактите се веќе утврдени и истите по протокол се упатени во домашна самоизолација, во траење од 14 дена.Ја користам приликата да ја информирам јавноста дека пристигнаа резултатите од земените брисеви на контактите од претходниот позитивен случај и истите се негативни.
Др. Диме Коцев Директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци„
-се наведува ви известувањето до РТК.МК.