„Во рамките на комуналната изградба општината Кавадарци работи на продолжување на постојната канализациона линија во населбата „Парк“. Ангажираната оператива деновиве ги изведува градежните работи на прокоп и поставување на цевки и шахти од новата делница на улицата „Дисанска“ која води до спомен костурницата. Во оваа фаза ќе се постави нова линија во должина од 300 метри. Изведувач на работите е фирмата „Премиум билдинг“ од Скопје. За оваа намена општината ќе потроши 547.000 денари. Парите се обезбедени од буџетот на Општината - програма за комунална изградба. Во наредната фаза ќе следи проширување и пробивање на улица со тампонирање.„-се наведува во известувањето од Кабинетот на градоначалникт она Кавадарци Јанчев.
м.д.