Интегрален текст:
„Почитувани претставници на медиумите
Почитувани сограѓани
Првата битка со коронавирусот ја добивме, но борбата сеуште не е завршена.
Успешно го амортизиравме првиот удар.
Ја стабилизиравме состојбата во земјата со контролираниот број на нови случаи и во ниту еден момент не се преоптерети капацитетот на ниту една институција односно болница, како во цела држава, така и во општина Кавадарци.
Сето тоа беше резултат на мерките кои навремено ги донесовме во насока на заштита на здравјето на граѓаните.
Меѓутоа потребно е и понатаму строго почитување на сите мерки и препораки со цел да ја задржиме епидемијата под контрола.
Здравствените работници не можат сами, граѓаните мора да помагаат преку почитување на мерките. Секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.
За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме нашето здравје, потребно е да ја одржуваме потребната физичка дистанца и да не се групираме.
Задолжително да носиме заштитна опрема на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.
Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните, како и редовно да вршиме дезинфекција на рацете.
Рестриктивните мерки се опуштаат секаде, со цел полека враќање на животот во нормала. Економијата заживува и како секаде во светот почнуваме да живееме понормално.
Но, ова може да го одржиме само ако сите граѓани ги почитуваат мерките, а институциите ги спроведуваат контролите.
Покажавме сите заедно дека умееме одлично да се носиме со големите предизвици и кризи. Истото ќе го правиме уште подобро кога и да го имаме пред нас повторно предизвикот за заштита на јавното здравје и секако за заштита на граѓаните.
Ви благодарам
Диме Коцев
Член на И.О СДСМ Кавадарци „-
се наведува во обраќањето на Прес конференцијата во ОО на СДСМ Кавадарци.