Градењето на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија, е проект кој се реализира со помош на четири Инфо точки, две во Вардаскиот плански регион и две во Скопскиот.
Инфо точката е место во кое во времетараење од 6 месеци ке се нуди бесплатен пристап до информации поврзани со политичките и други можности за образование и вработување на лицата со посебни потреби.Четирите Инфо точки се во рамките на веке постоечки организации а се наоѓаат две во Скопје и по една во Велес и Кавадарци.Во Кавадарци на ниво на Општина работи таква Инфо точка која се наоѓа на улица „Јован Планински“ бр.10 во близина на „Јан Бор“.
Инаку Проектот-Градење на на капацитети на организации за помош на лицата со посебни потреби е имплементиран во Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА –плус Прилеп, заедено со партнерската организациј Здружение на студенти и младинци со хендикеп (ЗСМХ) финасиски подржан со гранд од ЕУ.
За време од 18 месеци од мај 2015 до мај 2017 година со проектот ке се промовиртаат и зајакнат партнерскате врски меѓу различните организации, јавни институции и приватниот сектор со цел градење на капацитети за подобрување на социјалните услуги,мрежите, местата за работа и учење за да се остварат човековите права да се попстигне учество на лицата со посебни потреби во општеството, а преку дијалог и акција меѓу приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор.