Интегрален текст
„Почитувани сограѓани
Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ за време на целата здравствена криза покажува дека оваа партија предводена од Христијан Мицкоски воопшто не е излезена од режимската матрица.
Додека сите се борат против коронавирусот Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат самоволие, прекршување на мерките и забраните и злоупотреба на институциите во лични и партиски интереси.
Класично режимско однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри.
Во јавноста се појавија снимки на кои се гледа Мицкоски како влегува во затворен фитнес центар во придружба на припадници на МВР а некои од нив носат ракавици.Наместо темелена и ефикасна истрага, Наќе Чулев веднаш побрза да го одбрани неговиот шеф, правдајќи го дека тоа била стара снимка а ракавиците кои сите ги видоа Чулев се обиде да ги оправда како „отсјај од светлината“.
Наќе Чулев не презема ништо и преку злоупотреби на институцијата се обидува да ги спаси од одговорност неговиот шеф Христијан Мицкоски и партиските пријатели.
Во време на оваа сериозна здравствено-економска криза Мицкоски останува запаметен како фактор на деструкција, човек кој свесно и немерно ги прекршува мерките и задолженијата и со тоа го загрозува јавното здравје.
Лажни вести, деструкција, злоупотреби на институции и конструирани случаи. Тоа е се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Со таква понуда можат да се надеваат само на пораз од граѓаните.
Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот.
Режим – никогаш повеќе!
О.О СДСМ Кавадарци„
-се наведува во соопштението на СДСМ Кавадарци.