Општина Кавадарци преку ангажираната оператива, деновиве го заврши проектот за реконструкција на соблекувалните на фудбалскиот терен на СРЦ „Јасмин“.Според проектот реконструирана е внатрешноста на објектот за што општината одвои 700.000 денари. Реконструкцијата опфати замена на прозорците од западната страна, потоа на внатрешните врати, како и реконструкција на санитарниот јазол и просториите со тушеви за спортистите.Овој е прв посериозен зафат на објектот кој беше изграден на почетокот од осумдесеттите години од минатиот век како соблекувална за потребите на неколку фудбалски екипи од градот кои се натпреваруваа во пониските лиги.Минатата година со донација на Ротаракт клубот на млади ротаријанци од Кавадарци беше рекоснтруиран покривот како и прозорците.Со неговата реконструкција општината дополнително ќе ги подобри инфраструктурните услови за спорт и рекреација на граѓаните.