Денеска нашето камерно трио „Ад либитум “ќе настапи на фестивалот Скопско лето. Концертот ќе се одржи во Музејот на народната борба во Скопје со почеток во 20.30 часот. Ќе изведат современи композиции од Ерик Евејзен, Гијон Конесон, Русел Петерсон и нашиот Кокан Димушевски.„АД ЛИБИТУМ “ триоСилвана Чулева Атанасова-флејтаЛазар Соколов-кларинет и алт саксафонЕмилија Кабранова Филипова-пијано
Инаку триото ,,Ад либитум” е формирано 2015 год. Во својот широк репертоар вклучуваат композиции од сите музички епохи, оригинални композиции за ваков состав, нивни транскрипции, обработки, модерни и современи композиции. Имаат бројни први изведби на многу дела во Македонија и надвор од неа.
м.д.