Се известуваат сите жители на Општина Кавадарци како и оние кои транзитираат низ град Кавадарци, дека вечерва започнаа градежни активности на ул."Шишка". Сообраќајот ќе се регулира со најизменично движење во двата правци. Градежните активности ќе се одвиваат во наредните 3 недели. За да се избегне гужвата , се замолуваат сите кои имаат можност да го користат излезот кон Росоман.Од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев известуваат дека интензивно се работи на вадење на стариот асфалт на ул."Шишка". Изведувач на проектот е Компанијата "Градба промет" докажана по квалитетот на работи во нискоградбата. Работите се обавуваат и во вечерните часови со цел за брза реализација на целиот проект. Со него се предвидува проширување со три коловозни ленти како и велосипедско - пешачка патека. Предвидено е и целосно ново осветлување како и поставување на нови сообраќајни знаци. Со овој проект и овој влез , градот ќе добие нов, современ изглед.
м.д