Ќире Ризов , скромен , не зборува многу за себе.А има да раскажува многу.Другарува со природата од подамна, веќе 20-сетина годинини , и добро на познава.
На кавадарчани им е познаТ како билкар кој чајот го бере сам, го пакува и го продава.Познава се што „вирее„ кај нас, а се користи за лекување на некоја болест.Ризов ги знае сите постапки на берба и сушење, и на добронамерниците исто така тоа им ги пренесува.Во тоа е неговата големина.За него нема тајни, ги споделува со своите пријатели.А ги има многу.Можеби во скормноста е негвата потрага по скромна заработувачка и желбата да им помогне на луѓето со своите чаеви.Овие летни денови и постојано во високите масиви на Кожув планина или на други запуштени места каде ретко стапнува човек.Неговите чаеви не се скапи, и лесно може да се дојде до нив , ако не веднаш,тој ке се снајде да ве услужи.Убаво ги познава сите места во Планискиот дел на Општината и вели нема поубави и побогати со чаеви, само не треба да се експериментура, треба добро да се познава литературата за нив.Некои билки кои можат да се одгледуваат тука во низинскиот дел ,тој ги сади или сее и соодветно гу суши и складира .
Фотосите кои ги добиве деновиве со него, се во берба на популарниот планински чај, со ,малиот Дарко.
Кире Ризов можете да го најдете на Градскиот пазар во среда,петок или недела.
м.д.