Според планот вчера попладне заврши асфалтирањето на последната делница од локалниот пат Страгово-Крњево. Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата,Компанијата „Градба промет“ заврши со поставувањето на завршниот слој асфалт на последните метри од реконструираниот патен правец.Оваа делница е најкусата врска на Кавадарци со селата од Бошавијата. Со нејзиното целосно асфалтирање се заокружи значаен проект на локалната власт во напорите на заживување на овој некогаш исклучително витален регион, богат со природни ресурси.Во последната фаза беше опфатено проширување, тампонирање и асфалтирање на последните 1.600 метри од патот. По асфалтирањето останува уште доуредувањето на канафките и пропустите, по што во наредните денови се очекува и предавање во употреба на оваа патна делница, која во изминатите 3 дена беше целосно затворена за сообраќај.Сега од Кавадарци до селото Крњево преку Ладно Долче и Страгово ќе се патува по проширен и асфалтиран пат, многу побезбедно и побрзо.Информацијата ја добивме од Кабинетит на Градоначалникот Митко Јанчев.
м.д.