Во тек е тампонирање на ул.Народна младина. Овој проект во својата завршна фаза има предвидено асфалтирање на површина од 850 метри квадратни.Веќе се поставени нови рабници и е извршено поплочување на тротоарите. Изведувач на работите е Компанијата Градба промет а проектот е со финансиска вредност од 11 244 194 денари а ги опфаќа и ул.Егејска, ул.Бел камен и ул.Индустриска.