Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=5442
    [QUERY_STRING] => id=5442
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 37766
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.216.99.18
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732482112.8201
    [REQUEST_TIME] => 1732482112
)
ПРЕД 76 ГОДИНИ ФОРМИРАНА Е ПРВАТА МАКЕДОНСКА ДИВИЗИЈА


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пред 76 години, на денешен ден, 25 август 1944 година во с. Шешково, на околу 16 км. западно од Кавадарци е формирана Првата Македонска дивизија, позната и како 41 Југословенска дивизија. Во нејзиниот состав влегуваат: Втората, Деветтата, Десеттата и Единаесеттата Македонска бригада. Штабот го сочинувале: Тихомир Милошевски – Тиќо – командант на дивизијата, Лазар Калајџиски – Добри – заменик командант, Наум Наумовски – Борче – политички комесар и Коле Јовановски – Солунски – заменик политички комесар. При формирањето оваа дивизија броела 1.300 борци, а на крајот дури 5.180 борци и офицери. Формирањето на дивизијата е еден од од најзначајните настани во развојот на НОБ во Македонија. Првата Македонска дивизија се наоѓала под непосредна команда на ГШ и ПОМ на Македонија. На почетокот таа дејствувала во реонот на Тиквешијата, Повардарието и Прилепско каде се воделе големи борби со германските сили кои се повлекувале од Грција по долината на р. Вардар и патот Битола – Прилеп. На 9 септември 1944 г. дивизијата со помош на населението го ослободуваат градот Прилеп, при што биле заробени околу 300 германски војници, 60 моторни возила, многу оружје, муниција и воен материјал. Од 11 до 16 септември дивизијата води тешки борби со германските единици Гулман и Пабест, како и со специјализираниот баталјон од составот на IV СС полициска дивизија. Кај селата Мажуниште, Варош и Селце води жестоки борби со истите единици сé до 19 септември кога германците повторно го завземаат Прилеп. Еден дел од дивизијата на 17 септември води борба со германскиот фашистички окупатор во реонот на Кавадарци и Дреновската Клисура. Од 29 октомври до 2 ноември првата Македонска дивизија води борби за ослободување на Прилеп кој е ослободен на 2 ноември. Од 15 до 17 ноември 1944 г. дивизијата учествува во борбите за ослободување на Кичево, селата Туин, Папрадиште, Бериково, Јагол, Доленци, Поповјани, Ќафа, Падолиште и др. До крајот на 1944 година и почетокот на 1945 година оваа дивизија учествувала во завршните борби за ослободување на Косово, во борбите против остатоците на балистичките сили во реонот Качаник-Урошевац-Гнилање, како и во конечното ослободување на Југославија. Вечна им слава на паднатите борци Кустос историчар Натка Китева