Проектот за асфалтирање на ул.„Лазо Стојанов“ се приближува кон завршните фази. Откако беше отстранет стариот асфалт, денес се поставува дренажа по целата должина на улицата. По завршување на оваа фаза ќе следи и асфалтирање на површина од 840 метри квадратни. Изведувач на проектот е Градба промет а проектот е со финансиска вредност од 1 174 000 денари.