Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ успешно реализираше уште еден комунален проект. Денеска беше реализирана последната фаза- асфалтирање на улицата „Егејска“ од спојот со улицата „Љубашка“ под „стaрото Ангро“, до спојот со улицата „Пелистерска“. Претходнои овде се отсртани старата и дотраена коловозна површина и се поставија нови рабници. Реконструкцијата е на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.