Во период од 18 до 20-ти септември се оддржа првиот извиднички камп во Кавадарци на кој учествуваа 30 деца и млади.
Со самото формирање на Извидничкиот одред „Авантуристи“на 09. март .2020, поставен е за приоритет : да се прерасне во водечка организација за неформална едукација на децата и младите на територија на општина Кавадарци. Голема поддршка во целиот процес понуди Сојузот на извидници на Македонија, каде што извидниците од Кавадарци станаа придружни членови од 21.јуни 2020 година.Иако оформени во период пред да се соочиме со предизвикот наречен Ковид 19, сепак се продолжи согласно целите. Целта на Здружението е да се придонесе во развојот на младите луѓе во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.Како една од најважните активности на Извидничкиот одред „Авантуристи“ е организирање кампови, едукативни хајкови, работилници и активности за зближување на децата со природата. По тој повод , по долго време, знамето на извидниците повторно се развиори на Моклишкиот Манастир Св. Никола, Ваташа, Кавадарци. За помалку од една година од кога започна со работа Извидничкиот одред Авантуристи успеа да го организира првиот извиднички камп во својот град. Од 18 до 20.септември .2020 (петок, сабота, недела) на кампот учествуваа 30 извиднии и млади на возраст од 11 до 13 години, водени од волонтери од 17 до 22 години. За време на овој камп младите пред се запознаваа нови другарчиња од сите основни училишта во Кавадарци, се дружеа и научија за: извидништвото, за извидничките закони и принципи, за извидничките вештини, за извидничките јазли и ориентација. Овој настан е само почеток и е предвесник за сериозните намери кои ги има извидничкиот одред „Авантуристи“ – да прерасне во доверлива, атрактивна и релевантна организација за сите деца и млади од Кавадарци и регионот.На настанот беа превземени сите заштитни мерки предвидени од Владата и ИЈЗ(Институт за јавно здравје) согласно последниот протокол за организирање на извиднички настани на отворено!Со извиднички поздрав, до следната активност,ЗДРАВО!!!
пс.
Инаку извидништвото во Кавадарци има долга традиција.ИО „Страшо Пинџур„ кој постоеше континуирано над 30 години , беше еден од најмасовните и најдобри извиднички одреди во Македонија и поранешна Југославија .Многу тогашни млади извидници, кои сега имаат 50 ,60 и повеќе години,беа учесници и победници на десетици и сторици извиднички натпревари и кампови во ; Марибор, Сплит,Славонски брод,Скопје, Кичево, Белград, Шабац, Рума,Мостар,Велес,Охрид, Кавадарци и други места а преку лето по поволни цени летуваа на Јадранско море и Охридско езеро или во некој планинарски дом.Голем број извидници учествуваа и на работни акции.Тогашната младинска активност и волонтерство скоро да не може да се спореди до ова -денешно време. Но тоа е друга приказна.Битно е што на темелите на поранешното извидништво со традиција и респект , се формира и работи ова ново СКАУТСТВО, ИЗВИДНИШТВО кое има шанса да им ги пружи на младите уабвите работи кои ќе ги паметат цел живот.
м.д. и д.з.