На Денешната прес конференција Василка Дрварова- член на Советот на Општина Кавадарци зборуваше за најновите мерки на Владата за екомска помш за исплата на плати и други додатоци посебно за социјално загрозените семејства:
Интегрален текст
“Почитувани медиуми
Почитувани сограѓани
Владата предводена од СДСМ со навремени и ефикасни мерки им помага на граѓаните и компаниите со цел надминување на негативните последици од коронаркизата.
Со четвриот пакет мерки, 470 милиони евра ќе се искористат за помош и поддршка на економијата, за спас на работни места и јакнење на приватната потрошувачка.
70 милиони евра ќе се искористат за мерката поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември. Овој пат, поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста, во зависност од падот на приходите на компаниите и таа ќе се движи од 14.500 до максимални 21.776 денари месечно.
Со оваа мерка се опфаќаат 83.000 работни места, или за трите месеци ќе бидат поддржани вкупно 250.000 плати.
Го зголемуваме и опфатот на корисници на домашни платежни картички за поттикнување на приватната потрошувачка и зајакнување на куповната моќ.
Со новиот пакет економски мерки, 27.6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 наши сограѓани кои ќе добијат платежни картички во износ од по 6.000 денари.
Вакви платежни картички ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари, невработени лица кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.
Покрај ова со пакетот се обезбедуваат средства и за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, се обезбедува државна и царинска гаранција за компаниите.
Исто така се намалуваат или укинуваат парафискални давачки, се зголемува грејс периодот кај бескаматните кредити од линијата КОВИД 1 и дополнително се одложуваа отплатата на кредитите од компаниите.
Во време на сериозна здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот, државата застанува зад секој поединец, зад секоја компанија.
Ние како одговорна политичка партија, продолжуваме да работиме, за брзо надминување на последиците од економската криза.
Ви благодарам“.