Уште една приказна од нашето убаво Кавадарци се приближува кон крајот. Велосипедско-пешачката патека од село Ваташа до Моклиште, која со доизградбата на кејот на реката Луда Мара ќе го поврзува и самиот град со месноста Моклиште, веќе е на самиот крај од нејзината изградба. Патеката е повеќенаменска , ќе биде со обележан простор за велосипедисти и пешаци. По должината на патеката на неколку локации ќе се постават паметни клупи за одмор и за користење на бесплатен интернет и можност за полнење на мобилни телефони. Ќе се постават три станици за брз сервис на велосипеди и во еден дел од патеката ќе се постави и фитнес зона. Модерното и економично осветлување веќе е во поодмината фаза со поставување , патеката ќе биде целосно осветлена. Велосипедско-пешачката патека е долга 4,5 километри и ќе биде безбедно место за рекреација и спортување. На нас останува само да уживаме во нашите убавини и да се грижиме за урбаната опрема.