Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=5672
    [QUERY_STRING] => id=5672
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 47067
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.144.4.54
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732487969.2508
    [REQUEST_TIME] => 1732487969
)
Дрекслмајер донира 1000 визири за Општите болници од регионот


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

1000 визири за Општите болници од регионотДрекслмајер донираше 1000 сертифицирани заштитни визири на оние кои секојдневно се наоѓаат во првите редови и се грижат за здравјето на граѓаните. Кавадарци, 21 октомври 2020 – Над илјада визири се донирани на медицинскиот персонал во Кавадарци, Неготино, Велес и Прилеп. Се работи за сертифицирана и висококвалитетна заштита за лице што Дрекслмајер ја произведува во сопствената фабрика во Браунау,Австрија. При производството на овие визири компанијата ги користи своите компетенции во дизајнот, правењето прецизни алатки и обликувањето, а на овој начин сака да даде свој придонес во борбата против коронавирусот. Лукас Мирингер, директор на локацијата Дрекслмајер во Кавадарци, се заблагодари на целиот медицински персонал за неуморната работа за време на оваа пандемија:„Медицинските работници изминативе месеци непрекинато се борат за здравјето на пациентите заболени од Ковид 19 и се трудат да го заштитат јавното здравје. Со заштитната опрема што ја дониравме на четирите болници сакаме да изразиме благодарност за нивната посветеност, а воедно да дадеме поддршка на здравствениот систем во справување со коронавирусот.“Во април годинава, на почетокот на здравствената криза Дрекслмајер исто така донираше комплетна медицинска опрема за здравствените работници од болниците во Кавадарци и Велес.На предавањето на заштитните визири, директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци др. Диме Коцев истакна: „Визирите што ги добивме ни овозможуваат дополнително да го заштитиме нашиот медицински персонал. Драго ми е што од Дрекслмајер се секогаш подготвени да излезат во пресрет и да дадат поддршка на здравствените институции.“Компанијата апелира до сите граѓани да се однесуваат одговорно. Придржувајќи се допропишаните заштитни мерки, секој може да даде личен придонес во спречување на ширење на коронавирусот, а на тој начин и да помогне на здравствение работници во нивната секојдневна битка за здравјето на пациентите.