Интегрален текст на честитката на Градоначалникот на Општина Кавадарци:Митко Јанчев.
„Почитувани, Живееме во време чии благодети ги користиме благодарение на пожртвуваноста на македонскиот народ низ историјата. Денот на Македонската револуционерна борба нека ни биде еден потсетник за тоа дека неуморно треба да се бориме за остварување на нашите амбиции и да се стремиме кон просперитет. Република Македонија сигурно чекори кон тоа да стане модерна и успешна држава чии жители ќе се чувствуваат сигурни и безбедни во својата татковина.
Нека ни е честит денешниот празник, нека ни е честит 23 Октомври.
За многу години.„