„Во рамките на програмата за комунална изградба, а на барање на жителите општина Кавадарци реализираше проект за поплочување на спореден дел од улицата „Киро Спанџов“. Според проектот денес заврши реконструкцијата на 80 квадратни метри површина од споменатата улица. Изведувач на работите е фирмата „Градба промет“ од Кавадарци.„-информираат од Кабинетот на градоначалникот Јанчев.