Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=5754
    [QUERY_STRING] => id=5754
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 17458
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.116.24.111
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732491652.9272
    [REQUEST_TIME] => 1732491652
)
(Видео ) ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ НА ОТЧЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ MИТКО ЈАНЧЕВ :

„Почитувани граѓани,

Поминаа три години откако ја извршувам градоначалничката функција. Три години Советот на Општина Кавадарци речиси донесува едногласни одлуки за добробит на нашата општина. Веќе три години реализираме проекти кои имаат огромно значење за нашата општина како и за нас кавадарчани.

Досегашните резултати покажаа дека работиме квалитетно и домаќински со тоа што предизборната програма е со 90 % реализација, како и реализирани голем број на проекти надвор од програмата.

Од големо значење се и проектите кои се реализирани во изминатите години , а за кои претходно со години се наоѓаше решение за нивна реализација.

Во текот на наредната недела , до вас граѓаните ќе стигне Отчет за три години работење. Во него се собрани дел од реализираните проекти по реони, поголемите реализирани проекти, работата на ЈП Комуналец, реализацијата во делот на образованието, спортот и културата, примените донации како и планираните идни проекти за наредната година. Во наредниот период ќе се презентираат и голем број на видеа за реализирани проекти. Нашата транспарентност е искачена на едно високо ниво, и секојдневно информираме за сите сработени или започнати проекти.

Во изминатите три години се направи реконструкција на сите влезови во градот со тоа што Кавадарци сега им посакува едно поинакво добредојде на сите кои ја посетуваат нашата општина. Пробивањето на Западен булевар е веќе во завршна фаза, овој проект се чекаше со години да биде реализиран . Реконструкцијата на ул.Шишка е завршена, со тоа што сега имаме современ коловоз со три ленти, велосипедско –пешачка патека и целосно ново улично осветлување како и сообраќајна сигнализација, овој проект е реализиран во соработка со Министерството за транспорт и врски. Се реконструираше и Западен булевар во делот на индустриската зона односно влезот од Општина Росоман, и оваа сообраќајница сега е по модерни и современи стандарди, исто така во соработка со Министерство за транспорт и врски.

Во однос на инфраструктурните проекти, изградивме кружни текови на шест локации во градот, кои беа критични точки, како за учесниците во сообраќајот така и за пешаците. До крајот на годината треба да се асфалтираат 16 улици во градското подрачје, некои од нив веќе се завршени или отпочнати. Уште еден поголем проект е и изградбата на атмосферска, канализациона и водоводна линија на ул.Клинска, ул.Калница и ул.Методи Џунов Џикот, со што и овој дел од градот ќе добие современа инфраструктура и проблемите на жителите ќе бидат решени. Во тек е реконструкција на патот до Михајлово кој е исто така од големо значење, овој проект е финансиран од Европската унија преку проект за развој на туризмот. А веќе завршен проект во делот на Бошавијата е локалниот пат Ладно долче – Крњево, имплементиран од Светска банка преку проектот за подобрување на меѓу општинска соработка.

Во руралните средини работиме на целосна инфраструктура , во тек е реализација за поплочување на улици. Во с.Марена се гради пешачки мост за поголема безбедност на пешаците. С.Сопот доби целосно нова атмосферска и канализациона линија. Поставувањето на нова водоводна линија во с.Дабниште е веќе завршено, овој проект се чекаше со години да биде реализиран. Подрачните училишта во с.Бегниште, с.Дреново и с.Марена за оваа грејна сезона ќе добијат централно и еколошко греење. Проектот за с.Возарци кој вклучува нова атмосферска канализација и асфалтирање веќе е во фаза на аплицирање со тоа што и овој голем проблем наскоро ќе биде решен.

Во тек е изградба на нова детска градинка на ул.Ресавска. Беа доградени нови 7 занимални како и отварање на детски градинки во с.Марена и с.Возарци, проекти кои се реализираат во соработка со Министерство за труд и социјална заштита.

Во однос на инвестициите во спортот, со поддршка од ФФМ и Агенција за млади и спорт се врши реконструкција на градскиот стадион како и изградба на источна и на јужна трибина со што ќе се овозможи капацитет за 3000 посетители. Не се запоставуваат и руралните средини, ќе се градат спортски соблекувални на фудбалските терени во с.Сопот и с.Марена. Новиот скејт парк е веќе во функција, и на наше задоволство, младите го користат како катче за рекреација и спортување. Во последна фаза е и еден од најголемите проекти кога е во прашање спортот и рекреацијата. Изградбата на велосипедско пешачката патека од с.Ваташа до Моклиште преку која ќе можеме безбедно да пешачиме и да возиме велосипед од градското подрачје па се до Моклиште, проект реализиран во соработка со Вардарски плански регион. На ова се надоврзува и доградбата на кејот на реката Луда Мара од Слога до с.Ваташа. Во делот на спортот, во текот на наредната година ќе се изградат спортски сали во ООУ Страшо Пинџур и ООУ Димката Ангелов Габерот - Ваташа. Преку реализацијата на овие проекти , младите во Кавадарци имаат одлични услови за спорт и рекреација.

На 7ми септември беше отворен регионалниот вински музеј кој се реализираше во партнерство со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Општина Кавадарци. Со реализација на овој регионален проект добивме заеднички вински центар, каде што сите производители од регионот ќе можат да ги промовираат своите производи на едно место, а со тоа да обезбедиме една поголема промоција на нашиот регион со што ќе го подобриме локалниот економски развој.

Уште еден голем проект на кој што се работи во моментот, и веќе е во завршна фаза, е поставувањето на ново улично осветлување кое е модерно и економично.

Кавадарци веќе трета година е на врвот на листата за најеколошки град во нашата земја. Хигиената во градот е на едно завидно ниво.

На наша заедничка иницијатива, со нашиот сосед Грција, разработивме физибилити студија и врз основа на добрососедските односи сега сме во завршна фаза за да отпочнеме со техничка документација и одобрување на граничниот премин Пуљевац. Оваа приказна која е стара речиси 30 години е од големо значење за двете страни. Очекуваме локален и економски развој и голем бенефит.

За наредната година е предвидено, одамна стариот и руиниран објект Ла Луна да прерасне во современ затворен базен.

Потоа изградба на филтер станица за прочистување на вода за пиење, проект имплементиран во соработка со Центар за меѓународна соработка со Република Словенија. Со тоа значително ќе се подобри квалитетот на водата за пиење.

Исто така важен проект за наредната година е имплементирање на проект за алкохолен дестилат во соработка со државните институции. Со реализација на овој проект трајно би се решиле проблемите со кои , за жал, и оваа година се соочуваа лозаропроизводителите.

Она што е многу важно за нашата општина, проект со чија реализација централното градско подрачје ќе добие еден сосема поинаков лик е изградбата на затворен зелен пазар. Овој проект ќе почне со реализација за неполни два месеци. Проект кој исто така чекаше со години да биде реализиран.

Овие проекти се само дел од сето она досега сработено што го прави Кавадарци поразлично од порано. Ова е само дел од тоа што не прави модерен и безбеден град. Град во кој е задоволство да се живее.

За крај сакам да изразам голема благодарност до Советот на Општина Кавадарци, вработените во локалната самоуправа и јавните претпријатија како и бизнис секторот за добрата тимската работа, самоиницијативата и несебичната заложба за нашето Кавадарци. Се надевам дека и наредниот период ќе биде успешен , дека до крајот на мојот мандат ќе реализираме уште важни проекти. Верувам дека и нашите сограѓани се задоволни од она што е досега сработено.

Оваа година започнавме проект преку кој на секој млад кој полни 18 години му подаруваме книга “Го сакам Кавадарци“. Целта на овој проект е многу важна. Сакаме да им покажеме на младите дека Кавадарци веќе претставува општина која ги нуди сите можности за напредок и безбедно живеење. Тука можеш да собираш искуство, да градиш кариера , да создадеш семејство, да се чувствуваш безбеден, да постигнеш успех и на крај да бидеш горд што си кавадарчанец. Ова е пораката што сакаме да им ја упатиме на младите кавадарчани. Заедно со Советот на Општина Кавадарци , службите во Локалната самоуправа и поддршката од бизнис секторот, континуирано реализираме проекти кои го модернизираат нашиот град. Сега, Кавадарци е модерен град, со подобрена инфраструктура , современ изглед, одлични услови за живеење.

Почитувани граѓани,

Во овој отчет се собрани сите поголеми реализирани проекти за изминатите 3 години. Проекти кои ги реализира Општина Кавадарци преку проектот Мој Општинар, инвестиции во образованието, спортот и културата, инвестициите и работењето на ЈП Комуналец.

Досега работевме со мотото “Кавадарци на прво место“ и понатаму ќе продолжиме секојдневно да работиме водени од истото мото.“

Рече градоначалникот Митко Јанчев на Прес конференцијата посветена на оттчетот за досегашното негово работење заедно со Советот на Општина Кавадарци.