ДЕТСКА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЗА НАЈМЛАДИТЕ НО И ЗА СИТЕ КОИ СЕ ЧУВСТВУВААТ МЛАДИ
Денеска од 19 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ке ја прикаже првата реприза од новата детска театарска претстава “Малиот принц“. Според текст на Антоан де Сент - Егзипери, а во адаптација и режија на Микица Илова.Улогите во претставата ги толкуваат: Стојанче Ванѓелов, Јована Секуловска, Сашко Орешков, Микица Илова и Кристина Јованова а специјални гости се дечињата од балетското студио „Венус“. Во пресрет на репризата разговаравме со Микица Илова.
м.в.