РСБСП И ОСБСП ДЕНЕСКА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД СПРОВЕДОА ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА
На 15 ноември се одбележа Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди. Републичкиот совет за безбеднст на сообраќајот на патиштата одбележувајки го овој ден се одлучи да посети низа градови во државата каде заедно со општинските совети беа спроведени симболични акции. Денес акцијата се одвиваше на градскиот плоштад во Кавадарци каде се делеа флаери и фреш стикчиња за во автомобил а се со цел да се потсетат учесниците во сообраќајот дека незгодите не се случајни, туку дека најчесто се предизвикани од невнимателност и неодговорност. За жал, црната светска и домашна статистика и понатаму покажува дека сообраќајните незгоди се причина за голем број на загубени човечки животи, голем број на загинати лица и уште поголем број повредени лица со трајни телесни повреди, уништени семејства и огромни материјални загуби. Во Македонија во 2019 година 132 лица го загубија животот во сообраќајки, а 5164 лица се повредени. Време е секој да сфати дека сообраќајните незгоди не бираат време, место и личности. Сите сме потенцијални жртви. Зато да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи! - апелираат од РСБСП порачувајќи им на граѓаните да покажат грижа, да ја разбудат совеста и да возат одговорно и совесно.
м.в.