СУДИСКИ ЛАКРДИИ,НЕПРАВДИ,МЕСТЕНКИ,БЛАМАЖИ,СРАМОТИ И ШТО ЛИ УШТЕ НЕ
И официјално можеме да соопштиме дека по сето она што се случуваше во Неготино на средбата помеѓу „Тиквеш“ и „Кит Го“ екипата на „Брегалница“ од Штип е новиот прволигаш веке сега и следната сезона ке игра во првата лига. Денес екипата од Пехчево на теренот имаше 14 фудбалери бидејки уште рано на сите им беше јасно на чија страна е скопската судиска екипа. Што и да правеа кавадаречките фудбалери денеска не можеа и не смееја да победат.Гостите поведоа „Тиквеш“ израмни.Во вториот дел гостите пак поведоа иако домакинот имаше повеке од игра. Е тогаш судиите завршија огромна работа во корист на „Брегалница“ чиј газда исто така е газда и на „Кит Го“. Наместо да санкционираат два очигледни прекршока врз Симе Христов во противничкиот шеснаесетник судиите не само што не досудија пенали туку два пати му поделија жолти картони поради наводна симулација па во 60 мин Христов мораше да го напушти теренот. Проблем е ,што не само што „Тиквеш“ остана со играч помалку на теренот туку тоа што тој играч,најопасниот напаѓач и прв стрелец во лигата нема да може да игра во следното коло кога кавадарчани ке и гостуваат токму на “Брегалница“ во Штип. Многу паметно осмислено нели. И со играч помалку „Тиквеш“ фрли се на една карта, на нападот, бидејки поразот е пораз не е битно со колку разлика па во една таква ситуација гостите преку две брзи контри дадоа уште два гола за конечнои 1-4. На крајот од средбата гостите јавно, јасно и гласно се испофалија како од газдата си заработиле премија од 300 евра. Бидејки „Брегалница“ е нов прволигаш најдобро е првенството веднаш да заврши за да се поштедат клубовите од дополнителни трошоци и безполезно фрлање на пари. Таман и ФФМ и судиската организација ке имаат време до следната сезона да одлучат што ке прават со корумпирани судии, челници и функционери кои за неколку стотици или илјади евра го валкаат угледот на македонскиот фудбал,на судиската организација и ги деградираат сите оние кои вложуваат многу труд, пот и средства за да овозможат некој да се натпреварува во однапред режирано првенство. Нема потреба нели.
м.в.
ОСТАВКА НА ЦИЦМИЛОВИЌ
По поразот денеска и пристрасното судење, и незадоволствтото од судењето , тренерот Раде Цицмиловиќ поднесе оставка , од морални причини,на местото шеф на сгтручниот Штаб на ГФК ТиквеШ 1930
интегрален текст :
„Denes e dopreno dnoto,i posle 13 kola torutura na GFK Tikveš denes se pominaa site granici posle dvata nedosudeni penali vo prvoto poluvreme i isključvanjeto na Sime Hristov se vide deka i posle 13 kola nema nisto novo.Jas kako trener ja zimam odgovornosta za se, i od moralni pričini si podnesuvam ostavka.Sakam da im se zablagodaram na upravata,presedatelot i Gradonačalnikot za ukažanata doverba.Isto taka sakam da im zablagodaram na igračite,sturčniot štab i na site vo klubot,isto taka golema blagodarnost do navivačkata grupa LOZARI,koj vo ovije 13 kola bea naš 12-ti igrač.Pominavme edna godina niz se,bevme kako edno semejstvo i treba taka da prodolžite do kraj bez razlika na se za mene vie ste Šampionoi!Odigrajte do kraj česno i pošteno,pravdata e kako šilo i so srce i duša ke navivam za Tikveš...Tikveš i Kavadarci i navivačkata grupa LOZARI zaslužuvaat prva liga.Napred Tikveš česno i pošteno do kraj....„ се наведува во објавата на ФБ профилотр на Раде Цицмиловиќ.