Проширената и реконструирана делница на улицата „Шишка“ наскоро ќе го добие и вториот тротоар. Опeративата на фирмата „Градба промет“ работи на поплочување на тротоарот на делот од влезот во Глишиќ до спојот со Северен булевар кај Општа болница. На оваа делница се оформува тротоар со широчина од два метри, каде се поставуваат рабници, се врши тампонирање и поплочување со павер елементи. Со овој проект општината создава побезбедни услови за движење на пешаците. Во завршниот дел од реализацијата на проектот проширување и реконструкција на ул.„Шишка“ ќе следи и целосно реновирање и подобрување на Јавното улично осветлување.
извор : Кабинет на Градоначалник Митко Јанчев