Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=597
    [QUERY_STRING] => id=597
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 42291
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.145.38.67
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732483300.0985
    [REQUEST_TIME] => 1732483300
)
Дезинформации за Фени Индустри


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Гласините кои се објавуваат во електорнските медиуми дека фабриката се распродава и дека сопствениците не вложуваат никакви средства во фабриката се во целост невистинити

По повод натписите во дел од интернет порталите, Синдикалната организација во „Фени Индустри“денес достави допис до нашата редакција кое Ви го пренесуваме во целост.„Целта на ова писмо до јавноста е да дадеме наш одговор на невистините изнесени во неколку електронски медиуми во предходниот период за работењето на Фени Индустри АД, и би сакале со овој допис ние како Синдикална организација во „Фени Индустри“ АД правилно да ја информираме јавноста за случувањата во нашата компанија. Имено во изминатите 15 месеци поради ниската цена на феро никелот на светските берзи, „Фени Индустри“ АД се наоѓа во незавидна состојба и западна во најдолга економска криза од своето постоење, бидејќи цената на никелот не била на такво ниско ниво во толку долг период никогаш претходно. Од страна на менаџментот и сите вработени во „Фени Индустри“ АД се вложуваат големи напори и се преземаат сите мерки фабриката да продолжи со работа и да се задржат вработените на работните места. Поради ваквата состојба на одреден број вработени им прекинаа договорите за вработување, а одреден број беа прогласени за технолошки вишок. Синдикалната организација има постојана комуникација и транспарентен однос со менаџментот што не беше случај во минатото. Токму заради добрата соработка и пристапноста на раководителите на Фени, Синдикатот во текот на преговорите стори се во негова можност бројот на вработените кои ќе бидат отпуштени од работа да биде што помал и во соработка со менаџментот успеа тој број на вработени планирани за технолошки вишок да го намали за уште 30%. При претходните прогласувања на технолошки вишок во Фени бројот на отпуштени работници бил драстично поголем и се движел од 150 – 200 работници. Засега менаџментот успешно се справува со предизвиците пред кои се наоѓа комбинатот, исплатата на работниците се исплаќа редовно согласно законските прописи, додека во последната плата има и мало зголемување, за кое се надеваме дека во идниот период ќе биде уште поголемо. Гласините кои се објавуваат во електорнските медиуми дека фабриката се распродава и дека сопствениците не вложуваат никакви средства во фабриката се во целост невистинити. Имено од фабриката не е продаден никаков имот, а менаџерскиот тим за целиот изминат период од 15 месеци во кој се работеше со загуба како и загубите направени од недомаќинското работење на предходното раководство ги покриваа со цел фабриката да небиде затворена. Воедно цената на фероникелот почнува да закрепнува на светските берзи што е добар знак дека во иднина можеме да очекуваме добри резултати во работењето на Фени Индустри, поголеми плати, а и враќање на работа на работниците кои беа испуштени од работа во текот на кризата. Се надеваме дека Фени Индустри ќе ја преброди економската криза и понатаму ќе продолжи да биде водечка компанија во Република Македонија, па и пошироко, и дека во иднина вакви дезинформации нема да се објавуваат во медиумите. Ова е гласот на работниците и ставот на Синдикалната организација, а „загрижените работници” кои шират невистини само и штетат на компанијата и нејзиниот углед. Со ова писмо апелираме да се престане со негативните коментари и да ги остават синидкатот и раководството на Фени да продолжат со добрата соработка и да продолжат да ја водат фабриката во вистинска насока“

Извршен Одбор на Синдикална Организација при Фени Индустри АД Кавадарци

Ѓоре Палитов Претседател на Синдикат