– Со новогодишна донација од интерактивни табли за основното училиште Страшо Пинџур во Кавадарци, компанијата Слога - Пром ќе го олесни и унапреди образовниот процес во одделенијата каде учат деца со посебни потреби. Со оваа донација се овозможува учениците полесно да ги совладуваат наставите содржини, со што ќе се подобри квалитетот на наставата и пренесувањето на едукативните содржини.
-„Сите деца треба да имаат еднакви можности за образование, што некогаш зависи од можностите и капацитетите со наставни помагала во училиштата. Затоа сакавме да помогнеме онаму каде има најголема потреба. Со користењето на овој тип табли се зголемува мотивацијата кај учениците, се зголемува комуникацијата на часот, а со тоа полесно се совладуваат и содржините. Наставата со нив овозможува спроведување и на интерактивни игри, а за наставниците зачувување на предавањата кои може подоцна да се користат повторно“, изјавија од Слога - Пром.
Како дополнување на оваа донација, Слога - Пром обезбеди и 300 новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства коишто се доставени до Општина Кавадарци, од каде ќе бидат распределени до семејствата.„ се наведува во соопштението на Слога Пром -Кавадарци.