ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА РЕГИСТРИРАНИ 11 НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД КАВАДАРЦИ, 2 ОД РОСОМАН, 5 ОД НЕГОТИНО И ЕДЕН ОД ДЕМИР КАПИЈА
Од информациите добиени од ЦЈЗ Кавадарци во изминатите 24 часа во регионот регистрирани се вкупно 19 нови случаи на заболени од Ковид 19 од кои 11 од Кавадарци, 2 во Росоман,5 во Неготино и еден од Демир Капија. Заболените се на возраст од 20 до 78 години. Регистрирани се и тројца починати сите од Кавадарци на возраст од 51,77 и 90 год.