Деновиве продолжува изградбата на петеката од левата страна на кејот шеталиште, на последната делницата од кејот во должина од 680 метри. Ангажираната оператива на фирмата „Цвет компани“ од Скопје вградува тампон како подлога за поставување на бехатон коцки. Во оваа фаза од изградбата на кејот-шеталиште треба да се доизгрaдат пешачките патеки на двата брега. Во завршната фаза ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема. Финансиската конструкција за овој проект изнесува 21.500.000 денари. Парите се обезбедени преку Бирото за развој на Вардарскиот плански регион и буџетот на Општина Кавадарци. Урбанизираниот кеј ќе биде долг три километри од ул. „Страшо Пинџур“ кај мостот на излезот од Ваташа на југ, до мостот „Белка“ кај Булеварот „Видое Смилевски“ на север.
извор : Кабинет на Градоначалник Митко Јанчев