ВЛАДИМИР ТЕМКОВ ГИ ПРЕТСТАВИ НЕГОВИТЕ ГОЛЕМИ И МАЛИСПОРЕД ТЕМКОВ И СЛИКИТЕ ВО МАЛ ФОРМАТ СЕ ПОДЕДНАКВО БИТНИ ВО ОПУСОТ НА УМЕТНИКОТ ПОДЕДНАКВО КАКО И ГОЛЕМИТЕ
Денеска точно напладне во фоајето на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ беше отворена самостојна изложба на еминентниот кавадаречки уметник Владимир Темков насловена како „Големи и мали“. 26-те дела во галеријата сами по себе говореа дека Темков ова време - невреме го искористи да му се посвети повеке на сопственото индивидуално творештво. На отварањето говореа Микица Илова, директорката на Домот на културата Јулијана Туриманџова и Душко Стефанов а на крај присутните ги поздрави и самиот автор Влаадимир Темков.
м.в.