ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ГФК ТИКВЕШ - ПОДГОТОВКИ, ЗАСИЛУВАЊА, АТМОСФЕРА И ОЧЕКУВАЊА
Викендов стартуваат второлигашките фудбалски возбудувања.
Фудбалерите на „Тиквеш“ конечно се враќаат на градскиот стадион во Кавадарци иако сеуште се врши реконструкција на јужната трибина. Денес комплетната екипа ке биде тестирана од Ковид 19 а ФФМ веке изврши инспекција на новиот терен и даде зелено светло за одигрување на натпревари. Во сабота на 27 февруари од 14 часот на отварањето на сезоната „Тиквеш“ ке го пречека „Росоман“. Денеска на прес конференција за подготвителниот период, новите засилувања, очекувањата и атмосферата во тимот говореа шефот на стручниот штаб Пане Блажевски, капитенот Ѓорѓи Мојсов и спортскиот директор Ефтим Илиев.
м.в.