Општина Кавадарци во рамките на програмата за комунално уредување реализира проект за проширување на пристапниот пат кон гробиштата во село Ваташа. Ангажираната оператива на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци денес работеше на расчистување и проширување на делница од оваа улица. Според проектот улицата ќе биде проширена за еден метар, а на критичните места ќе се изградат потпорни ѕидови за стабилизирање на земјиштето и спречување на можно лизгалиште. Проектот има за цел подобрување на безбедноста и пропустната моќ на оваа сообраќајница чија траса е на угорница. Се реализира на барање на месната заедница Ваташа.