Со изградбата на кружниот тек на булеварот „Никола Минчев“ во одредени делови се проемни и сообраќајното решение за пристап од пешачките премини кон тротоарите. Конкретно на оваа локација се појави потреба од изградба на нов тротоар бидејќи на две места пешачките премини завршуваат во тревникот наместо на тротоарот. Општината изготви проектно решение согласно коа на овие две точки ќе се изгради нов тротоар со вкупна површина од 70 метри квадратни. Со нивната изградба, пешаците ќе добијат урбанизиран пристап и зголемена безбедност при движењето.